ГАЗА – Израелски авиони нападнаа подрачје во централниот дел на Газа, известува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на израелската војска се наведува дека авионите го гаѓале подрачјето на Бригадите „Изедин ал Касам“, вооруженото крило на Хамас, но деталите не се објавени.
Нема информации дали има настрадани.
Нападот е изведен по соопштението дека Израел соборил ракета лансирана од Газа.
Anadolu Agency










