Возачот на Ферари, Шарл Леклер, ќе мора да стартува 10 места пониско на трката за Големата награда на Канада од тоа што ќе го освои на денешните квалификации поради промената на електрониката на погонската единица.
Леклер не ја заврши претходната трка за Големата награда на Азербејџан токму поради проблемот со електрониката на погонската единица.
Италијанскиот тим има потешкотии оваа сезона токму со електрониката и поради тоа решија да ги заменат овие елементи, а бидејќи ова им е трета замена, Леклер заработи казна од 10 позиции.
Леклер со новите променети делови на погонската единица возеше на вчерашните слободни тренинзи, на првата сесија го освои петтото место, додека во втората сесија беше втор зад лидерот во генерален пласман Макс Ферстапен.
Sloboden pecat











