Испраќањето оружје на Украина е пат кон конфликт меѓу Русија и САД, изјави рускиот амбасадор во Вашингтон, Анатолиј Антонов, пренесува „TASS“.

„Кратковидоста на Американците е очигледна во сегашните околности. Водени од желбата да и нанесат стратешки пораз на Русија, локалните елити ги зголемуваат тензиите, праќаат оружје во режимот во Киев. Зарем не е доволно јасно дека ова е пат до директен воен конфликт со непредвидливи последици?“, напиша Антонов во својата статија за „Newsweek“.

Рускиот амбасадор изјави и дека Москва „долго и трпеливо им ја објаснува на западните колеги недозволивоста на таквите акции и предупреди на неизбежноста од силен и адекватен одговор“.

„Не нè слушаа и се обидоа да не игнорираат, тврдејќи дека местото ни е на задното седиште“, нагласи Антонов.

Тој, исто така, напиша дека „капката што ја прели чашата“ е одбивањето на Вашингтон и Брисел да ја земат предвид загриженоста на Русија во врска со безбедносните гаранции, според „TASS“.

Антонов рече и дека плановите на САД за санкции против Русија исто така не функционираат и дека само ја влошуваат состојбата во американската економија.


„TASS“
„Dubai-Portal“