Економските грешки ја туркаат Европа кон продлабочување на нееднаквоста, бран на радикализам и, на крајот, „промена на елитите“, изјави денес рускиот претседател Владимир Путин. Говорејќи на пленарната сесија на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург (SPIEF).
Путин истакнал дека сите актуелни разговори на Запад за таканаречената „инфлација на Путин“ се наменети „за оние кои не знаат да читаат и пишуваат . Терминот претходно го користеа американскиот претседател Џо Бајден и британскиот премиер Борис Џонсон.. Според рускиот лидер, политиката на европските власти ќе ги продлабочи поделбите на Запад не само за економските прашања, туку и за системот на вредности. „Таквото одвојување од реалноста, од барањата на општеството, неминовно ќе доведе до излив на популизам и раст на радикални движења, до сериозни општествени и економски промени, до деградација, а во блиска иднина и до промена на елитите. “, рекол Путин.
Терминот „Путинова инфлација“ ја опишува инфлацијата што произлегува од тешкотиите со снабдувањето со енергија, логистиката и девизниот курс предизвикани од руската воена офанзива во Украина и санкциите наметнати на Москва од западните земји. Претходно рускиот претседател ги обвини европските лидери дека извршиле економско „самоубиство“ во обид да се откажат од руската енергија.









