Повеќе од 800 џамии во Германија се цел на закани и напади од 2014 година, но во повеќето случаи злосторствата не се соодветно истражени, според „Brandeilig“, иницијатива на групата за човекови права „FAIR International“.
Групата, која го основаше првиот германски центар за известување за напади на џамии, забележа речиси 840 инциденти на напади, вандализам и закани во периодот од 2014 до 2022 година.
Деталната анализа на злосторствата од 2018 година откри дека сторителите останале неидентификувани во повеќето напади, што поттикнало понатамошни напади на неонацистите или левичарските екстремисти.
Меѓу 120-те напади на џамии регистрирани во 2018 година, само во девет случаи може да се идентификуваат сторителите.
„Оваа стапка е причина за загриженост“, нагласија експертите на „Brandeilig“, истакнувајќи дека во најмалку 20 случаи, вклучително и напади со оган, осомничените имале намера да предизвикаат смрт или сериозни телесни повреди.
„Генерално, полициските службеници многу брзо пристигнуваат на местото на настанот и веднаш започнуваат истрага. Сепак, до денес речиси ниту еден инцидент не е решен“, велат експертите.
„Според нас, едно од најважните сознанија е дека џамиските заедници не информирале за тоа, иако биле нападнати неколку пати, изјави Социологот и политиколог Јусуф Сари, за „Anadolu Agency“
„Покрај тоа, половина од нападите се од крајната десница, а во најголем број случаи сторителите не беа фатени.“
„Ова значи дека сторителите продолжуваат да претставуваат закана за муслиманите“, рече тој.
„Исто така, важно е да се забележи дека заедниците често се оставаат сами по напад и не добиваат никаква помош, ниту духовна ниту материјална“, истакна Сари.
Тој даде предлози за решенија за проблемите споменати во извештајот и ги образложи своите очекувања од германските власти: „Како прв чекор треба да се прифати сегашната опасност за муслиманите.
„Генерално, очекуваме властите да направат повеќе во борбата против антимуслиманскиот расизам. Треба да се зголеми солидарноста со муслиманските заедници и да се поддржат џамиските заедници, вклучително и финансиската поддршка по нападот.
„Но, една од најважните точки е да се расветлат случаите и да се фатат сторителите, во спротивно тоа би било поттик за сторителите“, рече тој.
„Ние, се разбира, имаме ажурирани бројки и напади“, рече Сари, додавајќи дека забележале зголемување на нападите врз џамиите и муслиманите.
Потребата за промена
„Присуството на многу мал број осомничени е алармантно“, посочи тој, истакнувајќи дека е изненадувачки што германските власти до денес фатиле многу мал број насилници.
„Нешто треба да се промени, особено во овој момент, ако сакаме да се справиме со крајната десница и да спречиме луѓето да бидат сериозно повредени во иднина“, рече тој.
„Во никој случај не треба да се потценуваат нападите врз џамиите“, додаде тој.
„Се надеваме дека нашиот извештај даде мал придонес за прашањето на антимуслиманскиот расизам.“
„Сакаме да ја зголемиме солидарноста со џамиските заедници и се надеваме дека нападите врз муслиманите во Германија ќе се намалат“, рече Сари.
Левичарски екстремисти и следбеници на терористичката група ИПГ/ПКК стојат зад неколку напади врз џамии, додека повеќето беа извршени од десничарски екстремисти или неонацистички групи, се вели во извештајот.
Германија, земја со над 83 милиони жители, има втора по големина муслиманска популација во Западна Европа, по Франција. Од речиси 5,3 милиони муслимани во земјата, 3 милиони се со турско потекло.
„MEMO“
„Dubai-Portal“











