Виталните резерви на храна ќе бидат обезбедени за земјите на кои им е најпотребна, изјави рускиот министер за земјоделство Дмитриј Патрушев кој најави дека жетвата на жита оваа година би можела да достигне 130 милиони тони, што би било доволно за покривање на домашните потреби и обезбедување извозен потенцијал.

Говорејќи на маргините на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, тој укажа на голем број предизвици, вклучително и прекинати синџири на снабдување и тешкотии со финансиските буџети. Патрушев изјави дека Русија мора да ги надмине овие пречки за да им обезбеди храна на земјите на кои им е најпотребна. „Нашите [земјоделски] производи ќе бидат на странските пазари, но само во оние земји кои се пријателски настроени кон нас, кои не ни создаваат пречки и тешкотии“, им иѕјавил на новинарите.

Русија очекува голем род на житни култури оваа година, вклучително и рекордна жетва на пченица, изјави минатиот месец  рускиот претседателот Владимир Путин. Тој додаде дека се соочува со закана од глад низ земјите, нагласувајќи дека вината за ваквата состојба е целосно на „западните елити“.

Кризата со жито се чувствува ширум светот бидејќи цените на пченицата пораснаа на рекордно ниво во последните два месеци. Глобалниот пазар на храна, кој веќе е погоден од временските услови и пандемијата на коронавирус, доби уште еден удар од руско-украинскиот конфликт и западните санкции кон Москва, што предизвика страв од глобална несигурност на храна и глад.