Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека националнaта авиокомпанија ќе ги реализира своите меѓународни летови под името „Турк хавајолари“, што ќе го замени „Туркиш ерлајнс“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Овој потег доаѓа откако турската Влада направи симболичен чекор во оваа насока со официјално менување на името на земјата од „Турција“ во „Туркије“ на меѓународно ниво во сите комуникации и активности за зајакнување на националниот бренд на земјата.
На 1 јуни името на државата „Турција“ беше заменето со „Туркије“ во ОН, по барањето на Анкара да се наведе како такво.
Новиот бренд „Туркије“ сега е во функција и на странски јазици.









