Турција денес соопшти дека е подготвена да ги спречи Шведска и Финска да влезат во НАТО повеќе од една година. Тоа ќе се случи доколку не добие задоволителни гаранции дека двете нордиски земји се подготвени да го решат прашањето за поддршка на курдските групи кои Анкара ги смета за терористички организации.
Акиф Чатагаи Килиќ, член на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП), изјави дека „ова прашање е од клучен државен интерес“ и предупреди дека Анкара е „подготвена да го прекине нивното членство на уште една година доколку е потребно“. „Турција ја има втората по големина армија во НАТО и испрати беспилотни летала во Украина за да се брани. Заслужуваме повеќе почит“, изјавил Килиќ.
Ова прашање се заканува да го наруши многу важен самит на НАТО, кој е планиран да се одржи во Мадрид на 29 јуни, објави „Гардијан“. Турција ги обвинува Финска и Шведска за криење на наводни членови на Курдистанската работничка партија (ПКК) и исто така се противи на нивните одлуки од 2019 година да забранат извоз на оружје во Анкара поради турските воени операции во Сирија.









