Израел побара од своите граѓани кои се во Турција веднаш да ја напуштат земјата, поради најавените напади врз државјани на Израел.
Според агенцијата АФП, најавите за тие напади дошле од Иран.
Министерот за надворешни работи Јаир Лапид бил првиот што ги повикал Израелчаните да ја напуштат Турција. Според „Џерусалим пост“, Израел „драматично“ ја зголемил способноста на своите најмодерни борбени авиони да го нападнат Иран.
#BREAKING Israel urges nationals to leave Turkey immediately over Iran attack threat pic.twitter.com/RGXSUppsZY
— palantir_jp (@palantir_jp) June 13, 2022
Дека тоа е навистина така, сугерира и фактот што Израел неодамна интегрираше нова „паметна“ бомба во своите Ф-35. Станува збор за оружје тешко еден тон кое F-35 може да го носи во својот внатрешен дел, што не ги нарушува „стелт“ карактеристиките на авионот – што е многу важен факт доколку имате намера незабележано да влезете на непријателска територија, пренесува Јутарњи лист.
Исто така, на фактот дека Израел многу активно се подготвува за потенцијална операција говори и фактот што нивните воздушни сили изведоа четири големи воени вежби над Медитеранот во последниот месец. За време на овие вежби, нивните авиони симулирале напад на далечни цели во Иран.
Вежбите симулираа заобиколување на иранските радари и системи за откривање, како што се оние што ги штитат нивните нуклеарни капацитети. Иран, од друга страна, отворено им се закани на израелските граѓани како одмазда за убиствата на истакнати членови на иранската национална гарда или научници кои ја водат нуклеарната програма. И се се случуваше во последните години, но и со месеци.
ZeroDot










