Кога си истраен во животот, притоа имајќи цел која сакаш да ја постигнеш за да биде наградена со успех, а уште повеќе кога сето тоа го правиш со љубов и поддршка од своите, тогаш наградата е неизбежна.
Со сите мои фанови, пријатели и роднини, сакам да споделам уште една вест за уште еден навистина голем успех за мене, семејството и моите најблиски.
Денес заедно со мојата сопруга како тренер и морален поддржувач, направивме вистинско чудо.
Во градот Биел (Швајцарија) на организирана трка во должина од 100 км со учество на 3721 учесник од целиот свет, меѓу кои и познати имиња од светот на атлетиката, со овој маратон постигнав успте една победа, односно голем успех, освојувајќи го 67-то место, притоа предвидената должина на трката ја поминав за 11:30 минути, без одмор.
Она што уште повеќе го зголеми успехот и радоста кај мене и моето семејство, а особено и гордост, на крајот од трката медиумите кои го следеа ова натпреварување во разговор со мене ме прашуваа колку време се подготвував, и се разбира како се подготвува, а изненадувањето кај нив беше уште поголемо, одговарајќи им дека мојот животен спорт со кој постигнав низа на успеси, не е атлетиката-маратонот, туку кикбоксот, притоа надополнувајќи го мојот одговор дека мојот секојдневен ден е исполнет со 10км трчање.
Започнувајчи директно од мојот клуб, и без било какви подготовки, па од тука одлучув подтикнат од предизвикот со лавовско срце да ги истрчам и тие 100 км, без разлика за колку време и на кое место ќе завршам после целта.
Ќе преживема, јас сум борец од се срце и во сите гледни точки од животот и секогаш истрајувам до секоја зацртана цел.
Се разбира, да не заборавам, благодарение на мојата сопруга, која уште од самиот почеток беше со мене да ме поддржи и мотивира, да ја поднесува мојата нервоза подтикната од мака, и се до крајната цел да биде покрај мене и да ми помага со сѐ што треба.
Ова што сега го постигнав, е уште еден голем успех, и се разбира медел за сите нас.
Изјави за Дубаи Портал, Бени Османоски.
А, ние како редакција, уште еднаш да му посакаме уште повеќе успеси во секоја негова зацртана цел, и се разбира никогаш да не иѕостанува поддршката од неговото семејство и неговите фанови.