Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, во Истанбул говореше на церемонијата на доделување на наградата за Фотографскиот натпревар шехид Мустафа Џамбаз.

Ердоган истакна дека Турција му даде јасна порака на светот со вежбата Ефес-2022 што се одржа во Егејското Море и го рече следното: „Сите ќе видат кој ѐ и што може да направи овој народ.“

Осврнувајќи се на ескалацијата на тензијата на линијата Турција-Грција околу вооружувањето на островите во Егејското Море, претседателот Ердоган ги продолжи своите критики кон Грција.

Ердоган наведе дека Грција упати повик до земјите да не учествуваат на вежбата „Ефес-2022“, но не можеше да постигне резултат од тоа.

Тој рече: „На оваа наша вежба учествуваа 37 земји. Грција испратила повик до повеќе од половината од нив велејќи им да не учествуваат. Речиси сите не ја послушаа Грција. Сите, особено Соединетите Американски Држави (САД ), учествуваа на оваа вежба заедно со нас.“

Нагласувајќи дека благодарение на успешно завршената вежба „Ефес-2022“ Турција уште еднаш му го покажа на светот нејзиниот одлучен став во Егејското Море, претседателот рече: „Фала му на Аллах (хамдолсун), оваа успешна вежба беше многу корисен/добар чекор во точката да се даде потребниот одговор на оној на кого треба да му се даде тој одговор. И отсега ќе оди вака со сигурни чекори со одлучност. Онака како што видоа на вчерашната вежба, и отсега натаму сите ќе видат кој ѐ и што може да направи овој народ.“