Иран и Венецуела во денес потпишаа 20-годишен договор за соработка, изјави иранскиот претседател Ебрахим Раиси. Планот вклучува соработка во областа на нафтата, петрохемијата, туризмот и културата. – Потпишувањето на 20-годишниот договор за стратешка соработка (…) ја покажува решеноста на официјалните лица да ги развиваат билатералните односи во различни области – изјави Раиси за новинарите во Техеран, по средбата со венецуелскиот претседател Николас Мадуро, кој е во посета на Иран.

Стратешкиот документ го потпишаа министрите за надворешни работи на Иран и Венецуела, две земји извознички на нафта. Ресорните министри потпишаа договори за соработка во областа на политиката, економијата, туризмот, нафтата и петрохемијата, јави официјалната иранска агенција Ирна, пренесува Радио Слободна Европа. И Иран и Венецуела се под американски економски санкции.

(Vijesti.ba / Фена)