Претседателот на Никарагва, Даниел Ортега, потпиша указ за продолжување на дозволата за присуство на странски воени контингенти, вклучително и руски, се вели во официјалното соопштение на владата. Покрај Русија, Никарагва ќе продолжи да дозволува присуство на „сили, морски и воздушни бродови“ на Венецуела, Хондурас, Гватемала, Доминиканската Република и Куба.
Дозволата важи за втората половина на 2022 година. Уставот на Никарагва дозволува присуство на странски сили во земјата.









