Ја предупредуваме Грција да се вразуми и да се држи подалеку од соништата и постапките за кои може да зажали, како што тоа го направи пред еден век, изјави  денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Ердоган денеска го проследи вториот дел од воената вежба „Ефес-2022“ на воениот полигон во областа Сеферихисар, во западниот град Измир. Во своето обраќање, претседателот Туркије се осврна на прашањето за грчкото вооружување на островите во Егејското Море. – Турција нема да се откаже од своите права во Егејското море и нема да се двоуми да ги искористи моќите признати со меѓународните договори кога станува збор за вооружување на островот, истакна Ердоган.

Тој рече дека Туркије не крши ничии права и закони, но и не дозволува никој да ги прекрши нејзините права, пишува АА. – Ја повикуваме Грција да престане да ги вооружува островите со невоен статус и да дејствува во согласност со меѓународните договори, нагласи Ердоган. Во таа насока, тој испрати јасна порака до Грција: „Ја предупредуваме Грција да се вразуми и да се држи настрана од соништата и постапките за кои може да жали, како што беше пред еден век“. Т

ој се осврна и на можна воена операција против терористичката закана во северна Сирија. „Нема да дозволиме воспоставување терористички коридори долж границите на нашата земја, така што сигурно ќе го завршиме воспоставувањето на преостанатите делови од нашата безбедносна линија“, рече Ердоган, додавајќи: „Чекор по чекор, решени сме да ги заштитиме нашите граници со безбедносна линија од 30 километри“.