Судот во Народна Република Доњецк осуди на смрт двајца британски и еден марокански платеник, кои беа заробени од руските сили во Мариупол, јавуваат руските медиуми.
Властите во ДПР соопштија дека ги сметаат за платеници, кои според меѓународното право ги немаат истите привилегии како редовните борци. Ајслин и Пинер се осудени за тероризам бидејќи странските платеници надвор од нивната татковина не подлежат на Женевската конвенција.
Британците се изјаснија за виновни за тероризам, злосторства извршени во криминална организација и насилно преземање на власта, пренесува руската новинска агенција РИА. Додека британските и западните медиуми ја критикуваат одлуката на судот, руските медиуми зборуваат за пример кој треба да им се покаже на сите платеници и волонтери како може да завршат доколку се најдат во слична ситуација. Сите други граѓани кои како платеници сакаат да одат на украинското бојно поле треба добро да размислат пред да стапнат на украинска територија.
Judge reads death sentence to foreign mercenaries who fought on Ukrainian side in Donbass pic.twitter.com/pluOv4uqjj
— Spriteer (@spriteer_774400) June 9, 2022










