Министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу денеска во Анкара се сретна со рускиот колега Сергеј Лавров. Предвидено е министрите да разговараат за билатералните односи, како и за ситуацијата во Украина и Сирија. – Продолжија интензивните разговори на високо ниво. Рускиот претседател Владимир Путин и претседателот (на Република Турција оп.а.) Реџеп Таип Ердоган разговарале по телефон девет пати од почетокот на оваа година, се вели во претходното соопштение на руското Министерство за надворешни работи.

Било посочено дека продолжуваат контактите меѓу руското и турското министерство и институции, пишува АА. – Министрите разговарале и за ситуацијата во Украина, Јужен Кавказ, Блискиот Исток, Северна Африка, Централна Азија и Црното Море.
Двајцата министри разговарале и за актуелната ситуација за време на кризата во Украина и ќе разменат мислења за можноста за продолжување на мировните преговори меѓу Русија и Украина, се наведува во соопштението. Беше речено и дека ќе се разговарало и за сириското прашање.










