Италијанската финансиска полиција (Guardia di Finanza) заплени 4,3 тони кокаин во пристаништето Трст, јавува Anadolu Agency (AA). Италијанската новинска агенција АНСА објави дека во Трст со заеднички напор на Регионалната канцеларија за борба против мафијата и Финансиската полиција во пристаништето биле запленети 4,3 тони кокаин и околу два милиони евра готовина.
Во веста се наведува дека ова е една од најголемите заплени во Европа. Приведени се 38 осомничени вмешани во процесот на шверц меѓу Европа и Колумбија, а преземени се голем број мерки меѓу кои и домашен притвор.









