Турскиот претседател Ердоган претходно изјави дека грчкиот премиер Мицотакис „повеќе не постои“ за него, откако претходно зборувал против Турција за време на неговата посетата на Соединетите држави, барајќи од Конгресот да не дозволи продажба на повеќенаменски ловци Ф-16 на Анкара.
Грција ја предупреди Турција дека ги достигнала границите на воздржаност и трпение по периодот на интензивни турски провокации, вклучително и прелети на авиони и барања за демилитаризација на грчките острови, објави денеска грчкиот портал „Грик репортер“.
„Ќе направиме се што е потребно за да ги одбраниме и заштитиме нашите суверени права. Се приближуваме до нашите граници на воздржаност и трпение (во однос на Турција)“, изјавил грчкиот министер за одбрана Никос Панајотопулос минатиот понеделник.
Говорејќи на годишната безбедносна конференција ГЛОБСЕК, одржана во Братислава, грчкиот министер го пренел разорачувањети на Атина од однесувањето на Анкара. „Се чувствуваме чудно што имаме сојузник (во НАТО, op. Cit.) кој ни се заканува со војна ако избереме да користиме едно од нашите законски права според меѓународното право за да ги прошириме нашите територијални води над шест наутички милји).
Закана од војна од еден до друг сојузник? Не сакам да имам такви сојузници“, изјавил Никос Панајотопулос.










