Мотоциклисти возат по Авганистан, земја што ја сметаат за безбедна

by Administrator

Четворица Иранци, љубители на мотоцикли, својата азиска турнеја, што ја започнаа пред 10 дена, ја продолжуваат во Авганистан, каде што заврши долгата војна.

Откако талибанците ја презедоа администрацијата на Авганистан во август 2021 година, завршија конфликтите што траеја долги години во земјата, а тоа пак ги мобилизираше ентузијастите на мотоцикли.

Можно е да е слика од 5 луѓе, луѓе што стојат, надвор и текст кој вели „AA“

Четворица членови на Иранската асоцијација за мотоцикли ја продолжуваат во Авганистан својата азиска турнеја долга 20.000 километри, што ја започнаа пред 10 дена од Техеран.

Мотоциклистите го резервираа најдолгиот дел од патувањето за градовите во Авганистан. Тие во земјата влегоа пред 7 дена преку граничниот премин „Исламски Замок“ во провинцијата Херат на иранската граница со Авганистан. Оттука заминаа на југ и ги посетија провинциите Фарах, Хелманд, Кандахар, Забул и Газни.

Можно е да е слика од 2 луѓе, моторцикл и пат

Љубителите на мотоцикли поминале низ тешко достапни области кои претходно не можеле да ги посетат од безбедносни причини и стигнале до главниот град на Авганистан, Кабул.

Планираат неколку дена да останат во Кабул, а потоа ќе заминат во северните градови.

Потоа од Авганистан ќе преминат во Узбекистан. Подоцна ќе продолжат по рутата Таџикистан, Киргистан, Казахстан, Русија и Грузија. Потоа планираат да влезат во Турција и повторно да се упатат кон Иран.

Можно е да е слика од 4 луѓе, моторцикл и пат

– Двојка по венчавката тргнала за Авганистан

Вљубениците во мотори, 32-годишниот Мираџ Халефи и 27-годишната Мерџан Себур, истакнаа дека се венчале пред кратко време и дека започнале патување што ќе остане во нивните сеќавања.

Халефи наведе дека од детството се интересирал за мотоцикли. Себур пак, изјави дека нејзиниот интерес за мотоцикли започнал откако се запознала се сопругот.

Наведувајќи дека претходно со својот мотоцикл патувал во секој град во Иран, Халефи рече дека ова му е прво патување во странство.

Можно е да е слика од 5 луѓе, седнати луѓе, луѓе што стојат, моторцикл и надвор

Халефи, за 7-дневното патување во Авганистан, рече: „Влеговме во Авганистан за прв пат. Патиштата беа лоши и уништени, но и покрај тоа го засакав патот. Немавме многу проблеми.“

Изразувајќи надеж дека проблемите во Авганистан ќе се решат и земјата ќе се развива во иднина, Халефи додаде: „Авганистан порано беше многу небезбеден, но сега со свои очи видовме дека патиштата се целосно безбедни. Имаше многу контролни пунктови, но, не наидовме на сериозни проблеми.“

38-годишниот Мехди Муневери, капетан на брод, нагласи дека 20 години патува низ иранските градови со мотор, а сега е на турнеја низ Азија.

„По влегувањето во Авганистан, она што беше интересно за нас на почетокот е тоа што не се чувствувавме како странци. Многу лесно комунициравме со луѓето. Луѓето во Авганистан се многу пријателски расположени и гостопримливи. За ова кратко време во Авганистан не видовме ништо друго освен почит и добрина од авганистанскиот народ.“

Столарот Месут Ибрахими, 40-годишен љубител на мотоцикли, рече дека патува повеќе од 20 години.

Наведувајќи дека претходно со својот мотоцикл патувал во Индија и Турција, Ибрахими рече дека успешно ќе го завршат ова патување и ќе се стекнат со нови искуства.

Ибрахими, раскажувајќи дека при патувањето не наишле на посериозни проблеми, истакна дека единствен проблем биле долгите чекања на контролните пунктови поради тоа што талибанците сè уште не работеле во координација.

„Имаше многу контролни пунктови, но не наидовме на проблем што нема решение. Ги сакаме овие патувања. Нашата цел е да покажеме дека низ Авганистан може се патува и да се види земјата. Има гостопримливи луѓе“, нагласи Ибрахими.

Истакнувајќи дека и претходно патувал во Турција со својот мотор, Ибрахими додаде дека Турција е погодно место за туристите.

„Може да кажам дека Турција е земја создадена за туристи. Туристите имаат секакви услови. Во земји како Авганистан нема ништо подготвено за туристите“, рече Ибрахими.


Anadolu Agency

You may also like