Американскиот претседател Џо Бајден ја одложи посетата на Саудиска Арабија додека Вашингтон не ги исполни барањата на Ријад, изјави саудискиот пратеник, јавува „Anadolu Agency“.

„Посетата е одложена додека САД не ги исполнат барањата на Саудиска Арабија“, рече Ибрахим Ал-Нахас, член на Советот на Шура, во ТВ интервју.

„Одложено додека не се завршат аранжманите на начин што ќе им служи на интересите на Кралството и регионот“, додаде тој.

„Затоа ќе работиме со оние кои се способни да работат за заеднички интереси и за двата народа“, рече Ал-Нахас.

Американските медиуми претходно објавија дека посетата на Бајден, на Ријад и Израел ,за овој месец е одложена за јули, без да наведат причина за одложувањето.

Саудиско-американските односи беа затегнати во последниве месеци поради неколку прашања, вклучително и иранските нуклеарни досиеја и конфликтот во Јемен.

Меѓутоа, во последниве недели, официјални лица од двете земји се состанаа за да разговараат за теми од заеднички интерес, вклучувајќи ја и првата посета на Бајден на Саудиска Арабија како претседател.


„Dubai-Portal“