Либанскиот Хезболах соопшти дека е подготвен да употреби сила против Израел, доколку либанската влада каже дека Израел ги крши правата за вода, изјави во  заменикот Шејх Наим Касим.

„Кога либанската држава ќе каже дека Израелците ги напаѓаат нашите води и нашата нафта, тогаш ние сме подготвени да го направиме нашиот дел во однос на притисокот, одвраќањето и употребата на соодветни средства – вклучително и сила“, потврди Касим, за „Reuters“.

„Ова прашање бара одлучна одлука на либанската држава“, истакнувајќи дека Хезболах „ја повика владата да побрза, да одреди краен рок“, додаде тој.

Реакциите на Касим дојдоа еден ден откако платформата со која управува лондонска „Energean“, стигна до брегот, за да го развие гасното поле Карис.

Израел и Либан тврдат дека областа каде што постои наоѓалиштето е дел од нивните ексклузивни економски зони.

Либан вчера потврди дека ќе го покани американскиот посредник во Бејрут, да ги продолжи индиректните преговори со Израел за спорните поморски граници, кои се во застој од минатата година.

Бејрут се надева дека ќе постигне договор кој би можел да му помогне да ги отклучи вредните резерви на гас за да ја ублажи најголемата финансиска криза досега.

„Kan11 news“ во неделата објави дека израелската морнарица се подготвува за потенцијален напад на Хезболах, на нова платформа во Кариш.


„Reuters“
„Dubai-Portal“