Белоруската армија вежба преминување во воена состојба

by Administrator

Вооружените сили на Белорусија започнаа серија маневри со кои се тренира борбена готовност во услови на транзиција од мирновременско во време во војна.

Како што соопшти белоруското Министерство за одбрана, главна цел на вежбите е спроведување на низа континуирани обуки кои ги опфаќаат сите категории на воен персонал, воени единици и командни центри, кои треба да практикуваат координирани мерки за премин од мир во војна.

Од Министерството за одбрана објаснија дека овие мерки се преземаат согласно планот за обука на белоруските вооружени сили.

„Обуката за борбена готовност се одржува по уште една кампања за регрутирање, во време кога регрутите веќе ги совладале основните воени вештини“, соопшти Министерството за одбрана а , пренесе руската агенција Тасс.


Sloboden pecat

You may also like