Wednesday, August 19, 2026
Home Свет НАТО почна воена вежба во Балтичко Море со учество и на војници...

НАТО почна воена вежба во Балтичко Море со учество и на војници од Шведска и Финска

0
164

НАТО вчера ја почна поморската вежба во Балтичкото Море – „БАЛТОПС 22“ на која во наредните, речиси, две недели ќе учествуваат над 7.000 морнари, пилоти и пешадија од 16 земји членки, но и од земјите кандидатки за членство во Алијансата – Шведска и Финска.

Командантот на Здружените американски сили, генерал Марк Мили изјави оти, од перспектива на Москва, влезот на Финска и на Шведска во НАТО би бил „многу проблематичен“ и ќе стави Русија во тешка воена позиција, бидејќи таа ќе биде целосно опкружена со членки на НАТО.

Финска и Шведска учествуваат во поморска вежба од средината на 1990-тите, а „БАЛТОПС 22“ ќе заврши во германскиот град Кил на 17 јуни.


Nova Tv

Previous articleРКЕ со презентација на анализата за реформа на тарифниот систем за електрична енергија
Next articleКазахстан изгласа референдум за уставни реформи