Политичката криза во Шведска се заканува да го достигне врвот откако премиерката Магдалена Андерсон во петокот предупреди дека ќе поднесе оставка доколку министерот за правда Морган Јохансон биде изгласан за недоверба на екстремно десничарските шведски демократи, јавува Anadolu Agency.

„Политичките одлуки што ги носиме во Шведска се носат заедно во владата. Значи, ако разрешите министер поради политички одлуки, тогаш, се разбира, ја разрешувате целата влада“, рече Андерсон на прес-конференција.

Џими Акесон, претседател на шведските екстремно десничарски демократи, беше поддржан од десничарските умерени, демохристијански и либерални лидери, откако тој предложи гласање недоверба на Јохансон.

Гласањето ќе се одржи следната недела и досега поддршката на овие четири партии претставува 174 пратенички места, што значи дека им треба уште едно гласање за да биде успешно гласањето за недоверба. Останатите четири партии – владејачките Социјалдемократи, Левата партија, Зелените и Партијата на Центарот – исто така имаат 174 гласа и не се очекува да го поддржат Акесон во неговиот обид да го собори Јохансон.