Истражувачкиот тим на Тесла и Универзитетот во Халифакс во Канада е на долгорочна мисија: да пронајде подолготрајни и поевтини батерии кои побрзо се полнат за електрични возила и складирање енергија. Нивниот најнов пробив во оваа област се батериите кои би можеле да траат и до 100 години.

Група научници од 2016 година развиле неколку патенти за компанијата „Тесла“, која произведува електрични возила, објави порталот „Клима101“.

Батерија за цел век

Најновото дело од серијата се фокусира на „стогодишната батерија“ – варијација на батеријата литиум-никел-манган-кобалт. Тестирањето покажа дека постои можност таквите ќелии да траат околу еден век доколку работат на напон од 3,8 волти (наместо вообичаените 4,2 волти) притоа одржувајќи температура од 25 степени.

Според авторите, кога станува збор за полнењето, новата батерија е конкурентна на литиум-железо-фосфатните (LFP) ќелии, кои се повеќе се користат во електричните автомобили на „Тесла“.

LFP батериите траат околу 10 години. Покрај потенцијално речиси 10 пати подолг животен век од нив, „стогодишната“ клетка може да складира и поголеми количини на енергија.

Проблем висока цена

Големиот проблем со овие батерии е што тие се поскапи во споредба со LFP ќелиите и можеби никогаш нема да ги достигнат карактеристиките неопходни за употреба во автомобилската индустрија, пишува порталот.

Истражувачите сугерираат дека нивната варијација на батеријата литиум-никел-манган-кобалт може да се користи за долгорочно складирање на енергија, но потенцијалот за комерцијализација сè уште се истражува. Дополнителен предизвик е што новата батерија содржи кобалт, чие ископување е исклучително штетно за животната средина.

Сепак, компанијата „Тесла“ најавува можни модификации на дизајнот кои ќе го исклучат кобалтот.