Едно девојче загина, а осум лица се повредени во пукотница што се случила во саботата вечерта во трговски центар во градот Феникс, во американската сојузна држава Аризона, соопшти полицијата.

Полицискиот функционер Енди Вилијамс изјави дека во престрелката се ранети девет лица и се пренесени во болница, а 14-годишно девојче им подлегнало на повредите, пренесе АП. Две повредени жени се во животна опасност, а шест лица се со полесни повреди. Осомничениот за престрелката не е идентификуван и никој не е уапсен.

Вилијамс изјави дека по кавгата неколку лица, очигледно некој извадил пиштол и испукал неколку истрели, пренесе Танјуг.

Градоначалничката на Феникс, Кејт Галего, реагираше на Твитер и напиша: „Изгледа дека не може да помине ниту еден ден без пукање на јавно место. „Времето истекува, промените мора веднаш да се случат.