Две лица загинаа, а најмалку 13 се повредени во пукотница доцна навечер во саботата во Филаделфија, соопштија властите.

Полициската управа во Филаделфија одговорила на извештаите за лице со пиштол во поголема група луѓе, објави телевизијата VPVI. Полицаец успеал да види како маж пука во толпа луѓе во центарот на градот, а пукал и кон него со оружјето, но ниту еден полицаец не е повреден, соопшти полицијата, пренесува АП.

Не е јасно дали осомничениот е погоден, а не е позната состојбата на ранетите во престрелката. Властите потврдија дека немало апсења, но било пронајдено оружје.

Ова е второто најсмртоносно пукање во Соединетите Држави во сабота навечер. Едно девојче загина, а осум лица се повредени во пукотница што се случила во трговски центар во градот Феникс, во американската сојузна држава Аризона, соопшти полицијата.

Полицискиот функционер Енди Вилијамс изјави дека во престрелката се ранети девет лица и се пренесени во болница, а 14-годишно девојче им подлегнало на повредите, пренесе АП.