Грчкиот амбасадор во Анкара Христодулос Лазариз беше повикан во Министерството за надворешни работи поради можностите коишто неговата земја им ги обезбедува на терористичките организации и демонстрациите на сепаратистичко-терористичката организација ПКК организирани околу Амбасадата на Турција во Атина.

Според добиени информации од дипломатски извори, грчкиот амбасадор во Анкара Христодулос Лазарис е повикан во Министерството за надворешни работи и притоа му беа пренесени ставовите и реакциите на Турција по ова прашање.

На грчкиот амбасасодор Лазарис му беше сугерирано дека терористичките организации лесно вршат пропаганда, финансирање и активности за регрутирање во Грција и дека идентитетот на Грција како безбедно засолниште е зголемен за средините поврзани со тероризмот.

Освен тоа, на Лазарис му беше изнесен примерот со кампот Лаврион кадешто на терористите кои претставуваат закана за безбедноста на Турција им се обезбедуваат сите видови можности за логистика и обука.

На грчкиот амбасадор Лазарис, кому исто така му беше пренесен и ставот дека кампот Лаврион е дојден во состојба  на терористичко гнездо коешто може да се спореди со камповите на ПКК во Ирак и Сирија, воедно му беше пренесена и реакцијата и ставовите на Турција по ова прашање поради акцијата која започна од овој камп и се претвори во отворена демонстрација на ПКК околу Амбасадата на Турција во Атина.

На средбата, беа изнесени и загриженоста за безбедноста во однос на турските дипломатски претставништва и турските граѓани во Грција, а беше повторено и очекувањето за ефикасна соработка во борбата против тероризмот.

Освен така, беше нагласено дека Грција треба да ги исполни своите обврски во борбата против тероризмот коишто произлегуваат од меѓусоседските односи и меѓународното право.

TRT