Бајрам Бегај нов претседател на Албанија

by Administrator

Албанските пратеници го избраа Бајрам Бегај за нов претседател, откако во претходните три круга гласање не беше номиниран ниту еден кандидат.

Агенцијата АП наведува дека Бегај е избран за претседател откако за него гласале 78 пратеници, четворица биле против, а еден воздржан.

Владејачката Социјалистичка партија го предложи и гласаше за Бегај, откако не беше постигнат компромис со опозицијата за кандидатот на местото на Илир Мета. Мнозинството опозициски пратеници гласаа против Бегаи, кој стана осми претседател на Албанија.

(Vijesti.ba / NN)

You may also like