Руските сили извршија воздушно извидување околу градот Тал Рифат и околните области во северна Сирија, за да ја зацврстат својата позиција, пишува „Anadolu“.

Руските сили, исто така, се обидуваат да воспостават одбранбен систем на аеродромот „Kamishli“ во северната провинција Ал Хасака, која главно е под окупација на ЈПГ/ПКК.

Руските воени хеликоптери од почетокот на неделата вршат периодични извидувачки летови над Тал Рифат окупиран од ЈПГ/ПКК.

Руските сили, исто така, се обидуваат да ги спречат терористичките групи поддржани од Иран да го зголемат своето влијание во Тал Рифат.

Покрај тоа, руските власти не им дозволија на Иранците кои сакаа да присуствуваат на состанок со претставници на режимот и водачите на ЈПГ/ПКК на 30 мај.

Истиот ден, со ракетните лансери „Grad“, руските војници не дозволија терористички групи поддржани од Иран да влезат во Тал Рифат ,од градовите Нубл и ал-Захра, лоцирани југозападно од Тал Рифат и се под контрола на режимот на Башар ал Асад.

Кога групите поддржани од Иран се обидоа да влезат во воената воздухопловна база Менаг на 31 мај, руските сили ги предупредија терористичката група и режимот да не дозволуваат групите да влезат во областа.

Руските сили вообичаено се распоредени во местото познато како воденица Фајсал, 3 километри (1,9 милји) западно од Тал Рифат.

Мал број руски воени единици се стационирани на аеродромот кој останува под контрола на режимот на Асад, во градот Камишли, кој главно е под окупација на ЈПГ/ПКК во провинцијата Ал Хасака.

Руската армија, која во петокот слета на аеродромот со воен товарен авион, го донесе системот за противвоздушна одбрана со краток и среден дострел „Pantsir-S1“.

Од друга страна, зголемување на бројот на руски војници има во регионите Ајн Иса, Тал Тамр, Манбиџ, Ајн ал-Араб и регионите Камишли во Сирија.

Русија, која ја изнајми воздухопловната база Хмеимим од Сирија, го користи и  во Тарсус, сириски град на брегот на Средоземното Море.


„Anadolu“
„Dubai-Portal“