Контроверзниот предлог-закон со кој се забранува „веење на знамиња на непријателска држава или на палестинската управа“ во институциите финансирани од државата помина прелиминарно во израелскиот Кнесет.
Парламентот го одобри законот со 63 гласа „за“, вклучително и од израелскиот премиер Нафтали Бенет, и 16 „против“.
Меѓу членовите на коалицијата на Бенет, партијата Раам гласаше против законот, додека некои членови на Јеш Атид, Кахол Лаван и Лабуристите беа отсутни.
Нацрт-законот мора да усвои три дополнителни гласа во Кнесетот за да стане закон и уследи по силната јавна дебата за палестинските знамиња што се веат на израелските универзитетски кампуси, по неколку настани по повод одбележувањето на Денот на Накба минатиот месец.
За време на жестоката дебата што му претходеше на гласањето, Ели Коен, член на опозициската партија Ликуд кој го спонзорираше законот, му извика на Сами Абу Шехадех, член на Заедничката листа, која ги претставува палестинските граѓани на Израел, дека треба „да оди во Газа или Јордан“.
Израелскиот весник „Haaretz“, објави дека забелешките на Коен биле дочекани со потсмев од голем број членови на Кнесетот, при што Моси Раз од „Meretz“ извикувал дека треба да се засрами.
„Пред околу седум години Кнесетот го забрани одбележувањето на Денот на Накба, и оттогаш се повеќе луѓе го прават тоа“, изјави пред парламентот Ајман Одех, претседавачот на Заедничката листа.
„Постапуваш исто како и секој колонијалист, секој крадец. Се плашиш од знамето, ја негираш Накба“, додаде тој.
Накба, или „катастрофа“, е името што Палестинците го даваат на масакрите и присилното протерување што ги претрпеле од раката на ционистичките милиции во 1948 година.
Цели палестински села беа масакрирани, при што ционистичките банди неселективно убиваа невооружени цивили, а некои ги закопуваа во масовни гробници.
Се проценува дека во биле убиени околу 15.000 Палестинци, а околу 750.000 принудени да ги напуштат своите домови и да живеат како бегалци.
Потегот кон забраната уследи по критиките на Универзитетот Бен-Гурион, откако палестинските знамиња беа истакнати минатиот месец за време на одбележувањето на „Денот на Накба“, во институцијата во Бершеба.
По настанот, министерот за финансии Авигдор Либерман повика на намалување на финансирањето на универзитетот.
Минатиот месец, на полицијата и беше наредено да го спречи веењето на палестинските знамиња и да ги конфискува сите такви знамиња за време на погребот на Ширин Абу Аклех, новинарка „Al Jazeera“, којa беше убиенa од израелските сили минатиот месец.
Гласањето доаѓа неела ден откако Израелците маршираа низ муслиманските области на Стариот град на источен Ерусалим и ги нападнаа Палестинците за време на годишниот „марш на знамето“, што ја означува израелската анексија на Источен Ерусалим за време на војната на Блискиот Исток во 1967 година.










