Министерството за надворешни работи на Кувајт, го повика вршителот на должност на амбасадата на САД поради твитовите што амбасадата ги објави дека „ја поддржува хомосексуалноста“, се вели во соопштението на Министерството.
Американските власти таму објавија знаме со виножито и порака на солидарност од претседателот Џо Бајден, за месецот на парадата на „гордоста“.
Кувајт соопшти дека на вршителот на должноста му дал меморандум, во кој се наведува дека го отфрла објавеното и ја нагласува потребата амбасадата да ги почитува законите и прописите кои се во сила и обврската да не објавува такви твитови.
Хомосексуалноста е казнива со закон во голем број муслимански земји, вклучително и Кувајт.
Во средата, американската амбасада во Саудиска Арабија објави твит со поддршка за ЛГБТ заедницата, велејќи: „За време на #Pride2022, @StateDept го слави придонесот на членовите на ЛГБТКИ+ заедницата за нашата нација. Ние сме посветени на ставање крај на насилството, дискриминацијата , и стигмата против ЛГБТКИ+ лицата ширум светот“.
“All human beings should be treated with respect and dignity and should be able to live without fear no matter who they are or whom they love.” @POTUS is a champion for the human rights of #LGBTQI persons. #Pride2022 #YouAreIncluded pic.twitter.com/gdPPBDlHZH
— U.S. Embassy Kuwait (@USEmbassyQ8) June 2, 2022
„Агенции“
„Dubai-Portal“











