Саудиска Арабија повторно ќе прими посетители од други земји за да го извршат хаџот, аџилакот во Мека, кој оваа година се одржува меѓу 7-ми и 12-ти јули. Владата на земјата најави дека ќе прими 1 милион аџии, локални и странски. Минатата година максималниот капацитет беше 60.000 аџии, а во 2020 година околу илјада луѓе, а само жители и граѓани на Саудиска Арабија можеа да учествуваат во последните две години поради пандемијата на Ковид-19.
Министерот за Хаџ и Умра, Тавфик Ал-Рабија, информираше дека министерството работи на обезбедување на здравјето и безбедноста на аџиите и дека проектот Визија 2030 има за цел да ги развие услугите што им се даваат на аџиите, подобрување и дополнително олеснување на пристапот до светите џамии, нудејќи висококвалитетно искуство. Безбедно враќање во земјите на потекло е исто така приоритет.
Бројката на посетители ќе се одредува според квотата од секоја земја, а оваа година аџилак ќе можат да извршат лица помлади од 65 години, со примени основни дози вакцина против Ковид-19.
Од мининстерството за Хаџ и Умра велат дека секое лице што ќе патува во Саудиска Арабија на аџилак треба да покаже негативен ПЦР-тест не постар од 72 часа.
Ал-Рабија изјави дека министерството ќе продолжи да имплементира технологии за хаџот, како што е интелигентна идентификација на аџиите, за да се олесни транспортот и логистиката за посетителите и да се обезбеди нивно брзо пристигнување на светите места. Ал-Рабија рече дека апликацијата, „Eatmarna“, е меѓу услугите создадени за време на пандемијата за да се организира бројот на аџии на секое свето место и да се избегне пренатрупаност.
Заинтересираните страни можат да патуваат во Саудиска Арабија преку специјализирани агенти или да аплицираат дигитално за да добијат умра виза и информации за сместување, транспорт и други потребни услуги. Според министерството, визата мора да се издаде за помалку од 24 часа и нејзината важност е од еден до три месеци, без ограничувања, известуваат од АНБА
„Dubai-Portal“











