Израелската влада соопшти дека донела одлука, прва од ваков вид, во врска со окупираната сириска Голанска Висорамнина.
Израелската министерка за внатрешни работи, Ајелет Шакед, преку „Twitter“ изјави дека е донесена одлука за потпишување на нова резолуција за формирање на специјален комитет за планирање, на сириската Голанска Висорамнина.
Шакед во видео снимката што ја прикачи на твитот, изјави дека по 55 години контрола на израелската армија на сириската Голанска Висорамнина, време е да се забрзаат процедурите за планирање и населување на Голанските висорамнини.
Израелската министерка изрази благодарност до министерот за домување и градежништво Зеев Елкин, заедно со шефот на новиот Комитет за планирање на Голанската висорамнина, Јарон Даган.
Во сличен контекст, постојаниот претставник на Сирија, во Обединетите нации, амбасадорот Хусам Ел-Дин Ала, зборуваше за тоа што Израел го прави со правата на палестинскиот народ и народот на окупираниот сириски Голан, посочувајќи на интензивирање на населбите , одземање на земјиште и кражба на природни ресурси.
„Сирија го потврдува своето отфрлање на незаконските мерки и планови за населување спроведени од окупацијата за промена на правниот и демографскиот карактер на окупираниот сириски Голан“, рече амбасадорот, за времена седницата на Советот за човекови права, на 25-ти март, минатата година.
„Сирија го обновува својот повик да не признава каква било ситуација што произлегува од нелегалните израелски окупациски мерки и да се воздржи од какви било практики што би ја овековечиле окупацијата“, додаде тој.
„Сирија ги осудува практиките и прекршувањата на окупацијата во окупираниот Голан и бара Советот за човекови права да ги документира овие практики и неопходноста окупацијата да бара одговорност за нив“, додавајќи: „Продолжување на нападите на израелскиот ентитет, на сириска територија, немаше да се случи без апсолутната американска и западна поддршка за тоа и заштита од одговорност за кршење на меѓународното право“, продолжи тој.
Тој истотака изјави дека „Сирија го потврдува своето неотуѓиво право да го врати целиот окупиран Голан и категоричното отфрлање на едностраните мерки преземени од страна на израелскиот ентитет за продолжување на неговата окупација“.
„Фира ел Ахмед“
„Dubai-Portal“










