Инфлацијата во Турција скокна на највисокото ниво од 1998 година, поттикната од растот на цените на храната и енергијата, додека ултра лабавата монетарна политика придонесе за слабеење на националната валута, лирата.

Потрошувачките цени се зголемија за 73,5 отсто на годишно ниво во Турција минатиот месец од 70 отсто во април, објави денеска државната агенција за статистика, објави Блумберг. Дваесет економисти во истражувањето на њујоршката агенција предвидоа просечна стапка на инфлација во мај од 74,7 отсто на годишно ниво.

Споредено со април, турската инфлација минатиот месец порасна за речиси 3 отсто, што е пониско од просечната прогноза на економистите за 4,0 отсто. Базичната инфлација, без нестабилните цени на храната и енергијата, достигна 56 отсто. Најголеми двигатели на скокот на инфлацијата се цените на храната и енергијата, поради повисоките цени на суровините на светските пазари, што беше предизвикано од влошувањето на ситуацијата со снабдувањето и рускиот напад врз Украина. Турција е главен увозник на нафта, пренесува Танјуг. Централната банка на Турција во моментов се воздржува од зголемување на каматните стапки откако минатата година ја намали референтната стапка за вкупно 500 базични поени.

Наместо заострување на монетарната политика, се промовира политика насочена кон зголемување на употребата на домашната валута и ставање на располагање на стопанството долгорочни инвестициски заеми, при што Турција има една од најлошите стапки на инфлација во светот, според Блумберг.

(Vijesti.ba)