Летната сезона во Газиантеп во голема мера започна. Максимални 45 степени беа измерени во југоисточниот град Газиантеп во Туркије. Со порастот на температурите, граѓаните на овој град бараат оаза од сенка и пониски температури во пештерата Калеоглу стара 500 години, која денес работи како кафуле. Историската пештера Калеоглу е чудо на природата и температурата во неа паѓа до 10 степени, па посетителите на кои им е студено може да се загреат со електрични греалки и ќебиња.

Пештерата Калеоглу во Газиантеп е пештера во која се чувала храна и муниција за време на француската окупација на градот. Се наоѓа на историскиот пат на свилата и е една од честите дестинации за туристите, особено во време кога температурите надминуваат 40 степени. Во локалните извори е опишана како пештера со природна клима во која има три бунари. – Ова место е познато како природно климатизирана пештера. Внатре во пештерата птосек е 15 степени, додека температурата надвор е 40. По влегувањето во пештерата посетителите се разладуваат со пиење кафе и чај, изјави Мехмет Калеоглу, кој поседува кафуле отворено во пештерата.











