Русија ја повика Турција да не започнува офанзива во северна Сирија, откако претседателот Реџеп Таип Ердоган ги повтори плановите со воена кампања насочена кон курдските терористи.
„Се надеваме дека Анкара ќе се воздржи од дејствија кои би можеле да доведат до опасно влошување на и онака тешката ситуација во Сирија“, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
„Таквиот потег, во отсуство на договор меѓу легитимната влада на Сириската Арапска Република, би бил директно кршење на суверенитетот и територијалниот интегритет на Сирија и ќе предизвика натамошна ескалација на тензиите во Сирија“, додаде таа, мислејќи на режомот на Асад.
Ердоган во средата ги обнови заканите за воена офанзива во северна Сирија.
Преземаме уште еден чекор за воспоставување безбедносна зона од 30 километри долж нашата јужна граница. Ќе ги исчистиме Тал Рифат и Манбиџ“, рече тој, мислејќи на двата северни сириски града кои ги држат бунтовничките сили.
Ердоган рече дека потоа ќе продолжи, „чекор по чекор, во други региони“.
Турскиот лидер ги кажа плановите дека ќе започне операција против борците на Курдистанската работничка партија (PKK).
Целта е и на Единиците за заштита на народот (YPG), сириско-курдска група за која се верува дека е дел од PKK.
Захарова рече дека „ја разбираме загриженоста на Турција за заканите по националната безбедност кои доаѓаат од пограничните региони“ со Сирија, но додаде дека проблемот може да се реши само доколку трупите на сирискиот режим бидат распоредени во таа област.
Според условите на договорот од 2019 година, Русија, сојузник на режимот во Дамаск, и Турција се согласија да обезбедат повлекување на курдските сили од областите во Сирија во близина на турската граница и да започнат заеднички патроли.
Во средата, американскиот државен секретар Ентони Блинкен ја предупреди НАТО сојузникот, Туркије, за воена офанзива во Сирија, велејќи дека тоа ќе го загрози регионот.
„The defense – AJ“
„Dubai-Portal“










