Операцијата на турската армија во северна Сирија ќе и овозможи на Анкара да овозможи контрола над 600 километри од границата и со тоа да ги намали терористичката закани таму, пишува во весникот Turkiye , повикувајќи се на воени и дипломатски извори, пренесува TASS

Повикувајќи се на воени и дипломатски извори, весникот пишува дека воената операција ќе се спроведува на територија во длабочина до 45 километри во сириска територија,при што ќе бидат ослободени 470 населени места во Сирија.

 

Ослободувањет на Тел Рифат и Манбиџ од тероризмот ќе и овозможи на Туркије да воспостави безбедносна зона од 35 километри и да ја исполни стратешката задача што ја постави претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Обраќајќи се во парламентот во средата, Ердоган го објави започнувањето на нова воена операција чија цел е проширување на безбедносната зона долга 30 километри, формирана по операцијата „Извор на мирот“ во октомври 2019 година.

Според воени извори цитирани од турските медиуми, операцијата во Сирија ќе се спроведува во неколку фази, слично на некои прекугранични воени операции што турската армија ги имаше во северен Ирак. Во операцијата ќе бидат вклучени околу 50 илјади војници, како и борци од сириската вооружена опозиција поддржана од Анкара.

Во операции спроведени претходно во северна Сирија, турската армија воспостави безбедносна зона меѓу градовите Ахаз и Џераблус северно од Алепо, го зазеде Африн и ја презеде контролата врз пограничните области источно од реката Еуфрат.


„TASS“
„Dubai-Portal“