Русија е подготвена да обезбеди безбеден извоз на пченица и да ја обезбеди сета потребна придружба на бродовите во Црното Море, откако Киев ќе ги деминира пристаништата, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.

„Подготвени сме да ги обезбедиме сите услови за да обезбедиме извоз на пченица од Одеса и другите пристаништа во Црното и Азовското Море. Во случај пристаништата да бидат деминирани, ќе обезбедиме извоз на пченица и ќе обезбедиме придружба на тие товарни бродови“, рече Захарова на брифингот.

Таа нагласи и дека Русија е подготвена да ја извезува својата пченица во сите земји на кои им е потребна.