ИСТАНБУЛ (АА) – Милан, екипа од италијанската прва фудбалска лига (Серија А) за 1,2 милијарди евра е продаден на американската компанија „РедБрд капитал партнерс“, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението на италијанскиот тим се наведува дека е потпишан договор меѓу компанијата „Елиот адвајсорс“ и „РедБрд капитал партнерс“ за продажба на клубот.

Според договорот, „Елиот“ ќе го задржи својот удел во клубот, а процесот на продажба ќе биде завршен до септември.

Гери Кардинале, основачот на „РедБрд капитал партнерс“, на својата веб-страница напиша: „Почестени сме што сме дел од историјата на Милан и што имаме улога во враќањето на клубот на врвот на италијанскиот, европскиот и светскиот фудбал. Со нетрпение очекуваме да изградиме долгорочни партнерства со клубот, управата и навивачите низ светот за Милан да стане подобар клуб.“


Anadolu Agency