АНКАРА (АА) – Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, го најави официјалното доставување на писмото до Обединетите нации и другите меѓународни организации со барање на меѓународната сцена да се употребува „Туркије“ наместо „Турција“, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Заедно со Директоратот за комуникации, бевме успешни во подготовката на добар терен за ова. Во Обединетите нации и во другите меѓународни организации и земји успеавме да ја направиме забележлива промената во Туркије“, рече Чавушоглу во уредничкиот деск на Агенција Анадолија, во седиштето на Агенцијата во главниот град Анкара.

Цитирајќи ја кампањата на „Туркиш eрлајнс“ „Хелоу Туркије“, Чавушоглу рече дека кампањата ја виделе повеќе од 30 милиони луѓе.

Како дел од кампањата, Директоратот за комуникации сподели промотивно видео на профилите на социјалните мрежи, кое беше подготвено за да се зајакне турскиот бренд.

На видеото се гледаат странски туристи од различни делови на Турција како мавтаат за поздрав велејќи „Хелоу Туркије“.


Anadolu Agency