Според извештајот на либанскиот телевизиски канал Al Mayadeen, турските сили денеска нападнале неколку позиции во северната сириска провинција Идлиб, вклучително и позиции на американската коалиција.

Извештајот доаѓа само неколку часа по изјавите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за проширување на опсегот на напади на сириска територија. Ердоган денеска изјави дека Турција е подготвена да исчисти две области во северна Сирија, во близина на турската граница, од терористички елементи и оти турската операција постепено ќе продолжи и во другите делови на Сирија. „Влегуваме во нова фаза од нашата одлука за формирање безбедна зона на 30 километри јужно од турско-сириската граница. „Ги расчистуваме Тел Рифат и Манбиџ од терористи“, изјавил турскиот претседател на состанокот на неговата Партија на правдата и развојот (АК) во главниот град Анкара.

Портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс, реагираше на турските најави за Сирија вчера, велејќи дека секој нов турски напад во северна Сирија ќе ја ослаби стабилноста на регионот и ќе ја влоши ситуацијата. „Остануваме длабоко загрижени за дискусиите за потенцијална зголемена воена активност во северна Сирија“, рече Прајс. Велејќи дека САД го поддржуваат одржувањето на сегашните линии за прекин на огнот, Прајс рече: „Би ја осудиле секоја ескалација што има потенцијал да ја загрози.

Сметаме дека од клучно значење е сите страни да ги задржат и почитуваат договорените зони за прекин на огнот, пред се со цел да се подобри стабилноста во Сирија. „Секоја нова офанзива дополнително ќе ја поткопа регионалната стабилност и ќе го загрози регионот“, додаде тој.