„Израел нема право на суверенитет над окупираните палестински територии“, изјави вчера палестинскиот постојан набљудувач во ОН, Ријад Мансур.

Во писмото до шефовите на ОН, Советот за безбедност на ОН и Генералното собрание на ОН, Мансур ја истакна важноста од почитување на палестинските права и правниот и историски статус на Ерусалим и џамијата Ал Акса.

Тој рече дека треба да се почитуваат авторитетите на Исламскиот фонд (Wakf) и јорданското старателство над светилиштата во градот Ерусалим.

Мансур укажа на нестабилните услови на окупираните територии, наведувајќи дека израелската окупација, нејзините воени сили и нејзините екстремистички имигранти вршат секојдневна агресија врз Палестинците низ окупираните територии.

„Израел ја дестабилизира регионалната и меѓународната безбедност и мир“, додаде тој.

Мансур укажа на распоредувањето на илјадници израелски окупациски сили и имигранти во окупираниот Источен Ерусалим на 29 мај, по повод прославувањето на Денот на Ерусалим на Израел.

Тоа резултирало со насилство врз Палестинците и најмалку 50 повредени меѓу Палестинците, рече тој.