Рускиот претседател, Владимир Путин, разговараше со азербејџанскиот претседател, Илхам Алиев, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Кремљ, Путин и Алиев во телефонскиот разговор се осврнале на спроведувањето на договорите потпишани меѓу Русија, Азербејџан и Ерменија во 2020 и 2021 година, воспоставување мирен живот и зајакнување на стабилноста во регионот и обезбедување економски односи и транспортни врски.
Алиев го информираше Путин за средбата што ја одржа со премиерот на Ерменија, Никол Пашинјан, и со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, на 22 мај во Брисел.
На средбата исто така се разговараше и за различни аспекти на билатералната соработка во трговијата и економијата, а беше потврдена и заедничката намера за натамошно продлабочување на руско-азербејџанското стратешко партнерство, вклучително и за резултатите од официјалната посета на азербејџанскиот претседател Алиев на Москва во февруари 2022 година.
Исто така одлучено е да се одржуваат редовни контакти на различни нивоа.









