Елитните израелски офицери ја обучуваат украинската армија, отворено пркосејќи ѝ на Русија. Руско-израелските политички односи дефинитивно се нарушени.

Израелскиот ТВ канал Кан њуз објави дека најмалку седум израелски елитни офицери се регрутирани да ја обучуваат украинската армија во борбени тактики. Тоа укажува дека Израел е директно поврзан со давање воена помош за Украина.

Во видео-извештајот објавен од Khan News се гледа дека војниците на израелските специјални сили ги обучуваат украинските елитни единици. Во извештајот се наведува дека и Израелците се активно вклучени во борбата против руските сили.

Претходно имаше информации дека во Украина може да има и до стотина поранешни израелски војници, инструктори и платеници, но од очигледни причини Израел не ги коментира овие податоци. До денес е познато дека Израел е подготвен да и го обезбеди оружјето на Украина. Израелската страна може да пренесе ракетни системи Спајк НЛОС, системи за противвоздушна одбрана за вооружените сили на Украина од краток и среден дострел „Барак-8“ и друго оружје. Се проценува дека ваквите акции не се поврзани со желбата да се пружи помош на Украина, туку поради обидите за конфронтација со Русија.