За Холанѓаните нема повеќе Руски гас !?

by Administrator

ГасТера нема да добива гас од Гаспром од 31 мај бидејќи одби да се согласи со барањата на Москва за плаќање во рубљи, соопшти денеска холандската компанија. ГасТера, која купува и тргува со гас во име на холандската влада, соопшти дека склучила договор за уште две милијарди кубни метри гас, кој очекува да го добие од Гаспром до октомври, објави Ројтерс.

Компанијата е 50 отсто во сопственост на холандски владини субјекти и 25 отсто во сопственост на Шел и Ексон. „Ја разбираме одлуката на GasTere да не се согласи со еднострано наметнатите услови за плаќање на Гаспром“, напиша на Твитер холандскиот министер за енергија Роб Јетен.

Оваа одлука нема да има последици за испораката на гас за холандските домаќинства, додаде тој.

You may also like