Руски Гаспром на 1 јуни ќе ја прекине испораката на гас за германската „Шел енерџи Европа“ и за данската „Орстед“, се вели во соопштението на рускиот енергетски гигант.
– Данската компанија „Орстед“ го извести „Гаспром“ дека нема намера да го плати испорачаниот гас во рубли. Забележано е дека „Гаспром“ не добил плаќање од европските партнери за испорака на „синото гориво“ во април, што беше причина за прекин на испораката на гас. Орстед, пак, прецизираше дека исклучувањето ќе се случи во 6 часот наутро по локално време. Претходно Гаспром веќе го прекина снабдувањето поради неплаќање според новата шема на холандската компанија „Гастера“.
На 23 март, рускиот претседател Владимир Путин објави трансфер на плаќањата за испорака на природен гас на земјите од ЕУ и другите земји кои воведоа рестриктивни мерки против Русија во рубљи со цел да се откажат од користењето долари и евра во пресметките.
Тогаш Путин го потпиша соодветниот декрет и предупреди дека доколку „непријателските“ земји не плаќаат во руска валута од 1 април, тогаш Москва ќе го смета за неисполнување на договорите за гас. Според новата шема, Гаспромбанк ќе отвори посебни сметки за странските купувачи.










