Земјите од Европската унија сакаат да им забранат на трети земји да купуваат руска нафта, изјави полскиот премиер Матеуш Моравјецки.

– Полска и се повеќе земји од ЕУ се погласно зборуваат за т.н споредни санкции. Тоа, пред се, значи можност за воведување санкции кои би спречиле руската нафта да се продава во трети земји, земји надвор од ЕУ – изјави Моравјецки на новинарите во Брисел по самитот на Унијата.

На крајот од првиот ден од самитот, лидерите на ЕУ постигнаа политички договор за воведување делумно нафтено ембарго против Русија, што ќе влијае на испораките по морски пат, додека нафтата што доаѓа преку гасоводот не е опфатена со новата, шеста, пакет санкции. Според зборовите на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, до крајот на оваа година Унијата ќе се откаже од речиси 90 отсто од увозот на руска нафта.

(Спутник)