Туркије откажа и одложи серија воени вежби на НАТО, поради одредбите од Конвенцијата од Монтре за забрана на воени бродови во Црното Море, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.
„Ние презедовме посредничка улога во процесот во врска со Украина. И сите ја зајакнуваат таа улога. И дали Туркије ќе може да ја игра таа улога ако се вклучи во санкции против Русија? Сите гледаат придобивка во нашата улога и има многу кои ја гледаат користа од нашата политика на неусогласување со санкции, предводена од европските земји. Ја воведовме конвенцијата од Монтре, принудени сме да го оставиме воздушниот простор отворен“, изјави Чавушоглу за новинската агенција „Anadolu“.
Конвенцијата на Монтре беше усвоена во 1936 година. Според тој документ, трговските бродови имаат слобода да минуваат низ одредени заливи, и во мирно и во воено време, но во различни режими. Документот го ограничува престојот на воените бродови на земјите кои не се на Црното Море, во Црното Море на три недели. Во итни случаи, Туркије има право да го забрани или ограничи минувањето на воените бродови низ Босфорот и Дарданелите.
Мевлут Чавушоглу го привлече вниманието на фактот дека Западот и поставува прашања на Туркије за неприклучување кон санкциите против Русија, но дека Анкара има намера да се придржува до својата принципиелна позиција.
„Ние водиме принципиелна, транспарентна политика. Да, има очекувања, има прашања. Има и такви кои не ја прифаќаат, но ја почитуваат нашата позиција на меѓународната сцена. Ќе се придржуваме до нашата принципиелна, објективна политика до крај“, рече Чавушоглу.
„Dubai-Portal“










