Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, изјави дека за време на телефонскиот разговор на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, со Владимир Зеленски, тој му рекол дека сака да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.

„Баш вчера Зеленски изрази желба да се сретне со Путин. Турција продолжува со своите аспирации“, рече Чавушоглу, одговарајќи на прашања на уредниците на „Anadolu Agency“.

Тој исто така посочи дека Турција се обидува да ги врати Русија и Украина во преговорите, додавајќи дека Турција нема да се приклучи на санкциите против Русија.
„Санкциите против Русија ја погодија и Турција. Нашата позиција е разбирлива и мора да се разбере поради посредничката улога што ја играме. Нашиот став е јасен, не се мешаме и нема да го дозволиме тоа преку нас“, рече Чавушоглу.


„Dubai-Portal“